Вчера на подрачјето на Полициската станица Струга била спроведен акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната, информираат од МВР.
При акциската контрола биле санкционирани 24 возачи кои управувале моторни возила со поголема брзина од дозволената, од кои 17 во населено и 7 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции, се наведува во полицискиот билтен.
OhridNews