Откако стана сигурно дека современата цивилизација е зависна од компјутерите и дека животот во оваа информатичка ера без нив не може да се замисли, група корисници на интернетот отвори посебна страница на која го повикува човештвото во сабота 24-ти март да не ги уклучуваат своите компјутери.
Се работи за голем експеримент за кој преку интернет четовите брзо се рашири низ светот, па се повеќе сурфери повикуваат на некористење на компјутерите на 24 март. Иницијаторите на овој експеримент ја одбраа сабота како ден кога постои помала шанса компјутерот да се користи, а истите советуваат таа сабота да ја поминете во дружење во природа или во некоја креативна работа. На адресата www.shutdownday.org можете да најдете и седум чекори како да се припремите за шок каков што е некористење на компјутер 24 часа.