Од министерството за внатрешни работи информираат дека во насока на мерките за контрола на спроведување на одлуките на Владата, од почнувањето со работа на угостителските објекти до сега, во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршени се контроли врз вкупно 2184 објекти во земјава. При тоа, констатирано е дека 24 од нив не се спроведуваат одлуките на Влада.

Од вкупниот број контроли, 1573 се направени за време на викендот, односно од петок до недела и 483 во текот на вчерашниот ден. Понатамошното постапување по однос на констатираните непочитувања е во надлежност на Државниот пазарен инспекторат, велат од МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат одлуките на Владата кои се однесуваат на соодветна употреба на заштитна опрема, а угостителски објекти да ги преземат сите мерки за нивно соодветно спроведување.

OhridNews