Дваесет и четири годишната Ивана. М. починала синоѓа во Универзалната сала во Скопје за време на изборот на песна за Евровизија.
На девојката околу 22.30ч. и се слошило поради што пријателите ја изнеле надвор каде таа паднала. По пристигнувањето, екипата на Брза помош констатирала смрт кај девојката.
На местото на несреќата извршен е узвид од екипи на МВР и истражен судија, кој наредил обдукција за да се утврдат причините за смртта на младата девојка.