Австралија овие денови непрестајно зборува за интересното случување во една продавница за сексуални помагала. По пријавата на сопственикот, полицијата го привела 24-годишниот Адам Трај Росберг поради сексуален однос со кукли на дување, кој се одвивал на јавно место.
Поради кршење на јавниот ред и мир, Адам е осуден на 15 месеци условно. Иако сите би помислиле дека на овој потфат се одлучил поради недостаток на секс со девојки, тој тврди дека сепак не е така.
И спротивно на тоа, Адам вели дека има доста богат сексуален живот, но сепак не сакал да објасни поради што се одлучил на секс со куклите во продавницата.