Поради одржување на претседателските и парламентарните избори 24 април и 8 мај се неработни денови за сите граѓани на територијата на Република Северна Македонија.
Владата на Северна Македонија, на одржана седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за прогласување на овие два дена за неработни, поради распишување на избори за претседател на Република Северна Македонија и избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.
Владата препорачува на работодавачите од приватниот сектор на територијата на државата, да ги спроведат овие заклучоци.
Во Информацијата од Министерството за труд и социјална работа е посочено дека имајќи го предвид Решението за распишување на избор за претседател на Република Северна Македонија („Службен Весник на РСМ“ бр.37/24), како Решението за распишување на избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија („Службен Весник на РСМ“ бр.37/24), потребно е секој граѓанин да може непречено да го оствари своето право на глас, во избирачката единица во којашто е регистриран, стои во владиното соопштение.
OhridNews