Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.318 тестови, а регистрирани се 234 нови случаи на КОВИД-19, 12 починати и 1.491 оздравен пациент, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број на позитивни (234), регистрирана е 31 реинфекција.

Од новозаболените 234 случаи од Скопје се 180, Кавадарци 19, Куманово, Прилеп и Неготино по 6, Велес 4, Гостивар и Крива Паланка по 2, Битола, Струмица, Струга, Свети Николе, Дебар, Пробиштип, Кратово, Крушево и Македонски Брод по 1. Од 1.491 оздравен пациент од Охрид се 37.

Од 12-те починати три се од Скопје (72г, 74г и 76г), по две од Битола (81г и 91г), Куманово (77г и 81г) и Струмица (58г и 65г) и по едно починато лице од Кочани (60г), Охрид (64г) и Тетово (68г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 5 починати лица од: Битола (1), Виница (1), Гостивар (1), Дебар (1) и Струга (1). Починатите лица се на возраст од 61 до 80 години. Лицата за починати се пријавени во период од 14.02. до 18.02.2022. Од починатите лица, 3 се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 17 лица се регистрирани коморбидитети.

OhridNews