Според најновите податоци, бројот на загинати во вчерашната рударска несреќа во јагленокопот во западна Турција се искачи на 232, изјави денеска премиерот Реџеп Тајип Ердоган при пристигнувањето во градот Сома, во покраината Маниса, стотина километри од Измир.

Ердоган им се обрати на медиумите недалеку од рудникот за јаглен во кој се случи уривање по експлозијата, веднаш по пристигнувањето на местото на трагедијата поради којашто ја откажа посетата на Албанија закажана за средата, пренесува CNNTurk.

Како што претходно објави министерот за енергетика на Турција, Танер Јилдириз, биле евакуирани 363 рудари. Потврди дека во окното имало 787 рудари кога неисправност на електричната трафостаница ја предизвикала експлозијата, а потоа и уривањето на карпите и пожар, во вторникот пред вечерта кога во тек била промената на смените. Спасувачките екипи работата речиси 20 часа и ја продолжуваат потрагата по евентуално преживеани.

Рудникот Сома се наоѓа во покраината Маниса, 480 километри југозападно од Истанбул. Пред влезот во јагленокопот од вторникот навечер се собрани членовите на семејствата на затрупаните и загинатите рудари.

Меѓународната организација на трудот (ILO) ја стави Турција на третото место од зад според бројот на несреќите при работа во 2012 година. Во левичарските весници во средата се појавија насловите како „Турција е гробница на работниците” и „Ова не е несреќа, туку негрижа”.

Во моментов хоспитализирани се 57 рудари, од кои четворица се наоѓаа во тешка состојба. Турскиот министер за енергетика Танер Јилдиз предупреди дека трагичниот биланс ќе биде поголем.

Привичните процени укажуваат на тоа дека причина за експлозијата била неисправност на електричниот трансформатор на 150 метри длабочина што предизвикало уривање и ги спречило рударите да излезат од окното. Се додава дека недостигот од кислород за нив е најголемата опасност, бидејќи останале на затрупани во тесните копови на околу 2 километра длабочина и на 4 километри од влезот во рудникот.

Според управата на рудникот, сите галерии и опремата биле редовно и темелно контролирани, и не било констатирано нарушување. Се потврдува дека причина за несреќата е експлозијата на трафостаницата од којашто се урнала карпа и настанал пожар, за што е започната истрага.

OhridNews

извор: „Макфакс“