Номинирани се познати личности и организации и некои сосема нови лица, непознати за јавноста: Денис Муквеге, гинеколог од Конго, Монцеф Марзуки, претседател на Тунис, руската организација Мемориал и кубанските дисиденти Освалдо Паја и Јоан Санчез.
Нобеловиот институт ги чува имињата на номинираните во тајност веќе 50 години, но на оние кои имаат право да номинираат дозволено им е да ги откриваат имињата на предложените.
Номинациите имаат право да ги поднесуваат членови на парламенти и влади ширум светот, универзитетски професори и претходни добитници на Нобеловата награда. Победникот/победниците ќе бидат објавени во октомври 2012 година.
Минатата година Нобеловата награда за мир ја добија претседателката на Либерија, Елен Џонсон Сирлиф, нејзината сонародничка, активистката Лејмах Гбове и јеменската новинарка и активистка Тавакул Карман.