Околу 230 луѓе се собрале во центарот на Бет во Сомерсет, во неделата, и со петминутен танц на дождот го срушиле светскиот рекорд. Биле надгледувани од експерти од Гинисовата книга на рекорди, а кореографијата со чадори ја вежбале цели шест месеци.
Кореографијата била организирана од меѓународниот фестивал на танцот од Бет. Џејмс Вајтхед, директор на фестивалот, рекол дека преку танцувањето се обидуваат да ги поврзат луѓето од целиот свет.