На овогодинешниот маратон кој е најмасовен во последните неколку години ќе земат учество околу 100 наптреварувачи од земји во нашето опкружување.
Стартот на трката на патеката долга 33 км е од караулата кај Св. Наум во 10 часот.
Првите натпреварувачи на целта на градскиот кеј кај Х. “Белведере“ се очекува да пристигнат пред 12 часот.
Во склоп на маратонот ќе се одржи и првиот регионален војнички атлетски маратон.