Македонија за прв пат 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба ќе го одбележи како државен празник.
Централната свеченост ќе се одржи во Собранието на Р. Македонија каде ќе биде врачена и наградата 23 Октомври . Добитници на наградата се етнологот д-р Танас Вражиновски, методичарот проф. д-р Тахир Зијази и академикот и писател Гане Тодоровски.
23 Октомври е неработен ден соопшти Министерството за Труд и социјална политика.