Втора година по ред, денешниот ден е неработен за сите граѓани на Република Македонија. Согласно новиот Закон за празници, 23 Октомври се одбележува како Ден на Македонската револуционерна борба.

На денешен ден се одбележува формирањето на македонската револуционерна организација во Солун. На 23 Октомври 1893 година младите борци за слобода се собрале во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун и ги поставиле темелите на организацијата чија цел била слобода за Македонија и Македонците. Основоположници се Иван Хаџи Николов, Христо Татарчев, Дамјан Груев, Христо Батанџиев и Антон Димитров.

Ohridnews