Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 1.258 тестирања при што се регистрирани се 284 нови случаи со Ковид-19, што е 23%. Во исто време, оздравеле 449 пациенти, а починале 21 лице.

Од новорегистрираните случаи со Ковид-19 во Скопје се 152, Кавадарци – 29, Прилеп – 21, Кочани – 17, Штип – 10, Неготино – 7, Куманово и Охрид – по 6, Тетово и Гевгелија – по 5, Демир Капија – 4, Гостивар и Струмица – по 3, Велес, Струга, Свети Николе и Берово – по 2, Кичево, Крива Паланка, Дебар, Делчево, Пробиштип, Виница, Валандово и Кратово – по 1.

Пријавените 21 починат пациент се на возраст од 52 до 93 години и тоа осум од Скопје, по двајца од Прилеп и Охрид, и по еден од Куманово, Тетово, Штип, Струмица, Струга, Кочани, Неготино, Гевгелија и Пробиштип. Сите пациенти се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Од регистрираните 449 оздравени пациенти од Скопје се 192, Прилеп – 38, Кавадарци – 36, Куманово – 20, Штип – 17, Струмица – 16, Велес и Богданци – по 15, Гевгелија, Гостивар и Битола – по 14, Крива Паланка – 13, Неготино и Тетово – по 11, Кочани – 6, Свети Николе – 4, Кратово – 3, Делчево и Крушево – по 2, Кичево, Пробиштип, Виница, Валандово, Ресен и Дојран – по 1.

Направени се 1.258 тестови преку: ИЈЗ-273, ЦЈЗ Скопје-54, Биотек-185, Клиника „Жан Митрев“ -179, Систина-244, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 321.

Досега во земјата се направени вкупно 567.441 тестирања на Ковид-19.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 112.930, бројот на оздравени пациенти е 98.133, на починати е 3.340, а на активни случаи изнесува 11.457.

Во моментов во Охрид има 469 активни случаи, а во Струга 175.

OhridNews