Во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на ковид-19, од кои 23 во Охрид.
Најмногу новодијагностицирани и денеска има во Скопје 227, следи Тетово 34, Струга 5…
Починати се 4 лица, двајца пациенти од Скопје (64 и 77г), еден од Ресен (59г) и еден пациент од Битола (76г). Од нив еден пациент е починат вон болнички услови, останатите се починати во болница.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 281 оздравен пациент, од кои 3 се од Охрид и 4 од Струга.
Досега во земјата се направени вкупно 223.922 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 24196, бројката на оздравени пациенти е 17673, на починати е 850, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5673.
OhridNews