Министрите за информатичко општество и администрација и за труд и социјална политика, Иво Ивановски и Диме Спасов, како и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски денеска го појаснија новиот објавен повик за обука за напредни ИТ вештини за 220 долгорочно невработени лица, активни баратели на работа.
За Јава програмер и програмер за Веб апликации, за двете обуки ќе бидат опфатени по 110 невработени лица, а средствата во висина од 18 милиони денари се обебзедени од ИПА програмата. Сите лица кои ќе ги завршат обуките од три до 6 месеци ќе сестекнат со меѓународно признаени сертификати.
Заклучно со 2014 година во вакви обуки учествувале 471 лице, а обуките успешно ги завршиле 375 лица, од кои се вработиле 246. Како што беше истакнато, успешностана проектот е околу 65 проценти.
Министерот Ивановски појасни дека проектот занапредни ИТ вештини ќе се реализира во три дела,
За да се одберат најдобрите ќе се врши предселекција преку трестирање, по што ќе се нарави селекцијата, а ќе има можност и за жалба.Инаку, тримесечната обука за овие вештини со можност заполагање и добивање меѓународен сертификат чини 1.350 евра.
OhridNews