22-та Меѓународна регата во кајак и кану на мирни води ќе се одржи од 18-21 август во Охрид во организација на Кајак кану клуб „Стрмец“ од Охрид.
22-та ICF Меѓународна Илигденска регата во кајак и кану (шпринт) Охрид – 2022г. ќе се одржи на регатната стаза Мазија (Хотел Палас -Хотел СУ) во Охрид на ден 21.08.2022 година со почеток во 9.30 часот. На регатата ќе земат учество клубови од Полска, Србија, Турција, Грција, Кипар како и македонска репрезентација кадети и млади јуниори до 17 год. составена од домашни клубови информираат од клубот.
Инаку, во 1999 год. се обнови Кајак-кану клубот „Стрмец” Охрид, и истиот е регистриран во Централен регистар РМ. Охрид, како здружение на граѓани под името: Кајак кану клуб и мотонаутика на вода „Стрмец”- Охрид, со што се продолжи светлата традиција на овој спорт во Охрид, која беше започната уште во 1947 год.
Сега ККК „Стрмец” Охрид е член на Кајакарската федерација на мирни води на Република Македонија.
OhridNews