За малверзации на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, за вработувања по партиска линија, за инспекции во фирми кои не се `потчинуваат` на власта, како и мислењето на министрите и пратениците на ВМРО ДПМНЕ за своите сопартијци, функционери, коалициски партнери и други, слушна јавноста од денешната опозициска `бомба`, која ја објави СДСМ во Штип.
„Првиот разговор е помеѓу Антонио Милошоски и Саша Митрев, Ректор на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Ќе слушнете како, за да се добие согласност за вработување во Универзитетот е доволно некој да се повика на Антонио Милошоски. Лично Милошоски крои план како негов човек прво да волонтира, а потоа да биде вработен на Универзитетот.“, рече Владимир Милошев, претседател на ОО СДСМ Штип.
Тој обвини дека Универзитетот „Гоце Делчев во Штип се злоупотребува за интереси на ВМРО-ДПМНЕ, по што беа пуштени снимки на разговори помеѓу пратеничките на ВМРО-ДПМНЕ Бонева и Танчева.
Исто така опозицијата презентираше и разговори на министерот Миле Јанакиески со пратеникот Александар Николовски и со Ванчо Костадиновски, а беа презентирани разговори на министерката Гордана Јнкуловска со Зоран Ставрески и со Мартин Протуѓер.
OhridNews
Извор:„Макфакс“