Вкупно 22 пливачи од 14 земји ќе бидат учесници на 28-то издание на Охридскиот пливачки маратон кој ќе се одржи в сабота на 23 август.

Од 22 маратонци 16 се во машка, а шест во женска конкуренција. Почетокот на трката „Климе Савин“ долга 30 километри е во Свети Наум, а финишот на кејот на градскиот плоштад.

И годинава главен покровител е Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, но сериозна улога во организацијата има и Општината Охрид.

Наградата за победникот во машка и женска конкуренција изнесува 10 000 долари.

Мх.П.