Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 75 нови случаи позитивни на коронавирусот од направени 726 тестирања. Починати се 22 лица, меѓу кои 27-годишно лице од Демир Капија и 32-годишен од Скопје. Регистрирани се 1440 оздравени пациенти.
Од 22-те починати лица, 10 пациенти од Скопје (71г,64г,79г,84г,32г,73г,81г,67г и два случаи по 65г), по два смртни случаи се регистрирани од Тетово (68г и 70г) и од Прилеп (66г и 85г) и по еден смртен случај од Радовиш (85г), Кавадарци (63г), Гостивар (82г), Демир Капија (27г), Струмица (65г), Охрид (68г), Струга (71г) и Куманово (65). Деветнаесет пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент е починат во домашни услови.
Од новорегистрираните 75, од Скопје се 45, Кавадарци – 11, Прилеп – 8, Струга – 3, Неготино, Тетово и Велес по 2, Куманово и Кочани по 1.
Од 1440 оздравени пациенти, од Охрид се 22.
Во моментов во Охрид има 381 активен случај со Ковид 19.
OhridNews