Карате Клубот Чоле од Охрид имаше повеќе од успешен настап на отвореното второ по ред “Шотокан“ првенство на Македонија. 17 – те натпреварувачи кои се натпреваруваа во различни категории во ката и во борба се закитија со дваесет и две одличја. На градите на охриѓани завршија шест златни поединечно и еден екипно, потоа шест сребрени поединечно и 1 еден екипно, како и осум бронзени медали .
Медалите ги освоија:
1. Цветковиќ Теодора – прво во кати
2. Анастасија Игњатовска- прво во ката И второ во ката екипно
3. Никола Доневски – прво во ката И второ во ката екипно
4. Андреска Ангела- второ во борби и прво ката екипно
5. Трајаноска Симона- прво во борби
6. Иван Поп-Гонов-прво во борба
7. Тотиќ Везира – второ во кати и борби, и прво ката екипно
8. Тотиќ Алмина- трето во кати прво во борби и ката екипно
9. Фидора Поп-Гонова-второ во ката и борба
10. Донески Златко – второ во ката и трето борба
11. Тијана Зулфи – трето во кати и второ во ката екипно
12. Марио Лазороски- трето во ката и борби
13. Димитар Грозданов- трето во кати
14. Коцев Стојче – трето во кати
15. Емилија Бутеска- трето во ката