Денеска се одбележуваат 22 години од страотните масовни убиства во Сребреница за време на граѓанската војна која беснееше во Босна и Херцеговина. Се проценува дека за време на освојувањето на Сребреница од страна на тогашната српска војска предводена од генералот Ратко Малдиќ се убиени близу 8000 цивили, во најголем дел мажи, но и деца. Сребреница во тие мигови беше под заштита на трупите на ОН предводени од армијата на Холандија, која оваа година и официјално беше прогласена за виновна за случувањата од 6-11 јули ј1995 година.

Годишнината од немилите настани во Сребреница ќе биде одбележана со комеморација и погребување на идентификуваните тела.

На комеморацијата најавено е учество на неколку претставници на опозциски партии од Република Србија.

22 години подоцна србите и бошњаците се уште спорат околу случувањата во Сребреница. Првите инсистираат дека тоа било воено злосторство, а вторите дека се работи за геноцид.

OhridNews