Во последните 24 часа се направени 4.713 тестирања, а регистрирани се 219 нови случаи на КОВИД-19.
Најмногу од Скопје и Тетово 65, 20 нови случаи се регистрирани во Куманово, 19 во Гостивар, 7 во Струмица, 6 во Кичево, по 4 случаи од Битола, Струга, Берово и Виница, 3 нови случаи во Прилеп и Кочани, по два нови случаи се регистрирани во Велес, Кавадарци, Штип, Радовиш и Дебар, а по еден случај во Охрид, Ресен, Македонска Каменица, Македонски Брод и Пехчево.
Пријавени се четири починати лица : две лица од Скопје (61г и 66г) и едно лице од Тетово (76г) и Кичево (76г).
Регистрирани сe 30 оздравени пациенти.
Сто и пет заболени од Ковид-19 се хоспитализирани во Скопје и во другите градови, информираа за МИА од Министерството за здравство.Најголем број хоспитализирани има во Клиничката болница во Тетово – 32, а потоа следат Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје – 20, Општата болница во Гостивар – 20 и Општата болница во Куманово – 10.Во болницата во Струмица има седум пациенти со Ковид-19, во болницата во Прилеп шест, во Битола и Штип по четири пациенти, и по еден во болниците во Велес и во Струга.
Досега во земјата се направени вкупно 999.203 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.926 бројката на оздравени пациенти е 150.470, на починати е 5.501, а бројот на активни случаи изнесува 955
ОhridNews