Во периодот од 28 до 30.07.2020 година, по плажите на охридското крајбрежје, во полициските контроли констатирани се 216 лица кои не носеле заштитна маска, информира СВР-Охрид.

Во периодот 29/30.07.2020 година, на подрачјето на СВР Охрид, констатирани се 122 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-80 Струга-07, Кичево-18, Дебар-17). Во периодот 28/29 јули 2020 година, евидентирани се 123 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-81 Струга-15, Кичево-22, Дебар-05), соопши полицијата.

-На прекршителите им се издадени платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19.- истакна портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

По овој основ, во Охрид, во текот на јуни и јули 2020 година, изречени се вкупно 672 барања за поведување прекршочна постапка (јуни-495, јули-177), информира СВР Охрид.

OhridNews