Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по седми пат триумфираше на Вимблдон. Тој во финалето го совлада австралијанецот Ник Кирјос по тричасовна битка со 3:1, по сетови 4:6, 6:3, 6:4, 7:6 (7:3).
За Кирјос ова беше прво грен слем финале. Тој одлично го отвори мечот, и извонредно му парираше на Ѓоковиќ, апсолутно оправдувајќи го учеството во финалето на најголемиот грен-слем турнир.
За србинот ова е 21 титула во кариерата и веројатно ќе остане на овој број оваа сезона, според најавите од Ју-ес опен дека нема да му дозволи учество на невакцинираниот Ѓоковиќ на турнирот.
Г.М.