Во последните 24 часа од направени 2449 тестирања, регистрирани се 865 нови случаи на Ковид-19, починале 10 лица, а оздравени се 359, информира Министерството за здравство.
Од новите случаи во: Скопје се 397, Куманово-22, Дебар-2, Штип-34, Прилеп-29, Тетово-95, Струга-7, Велес-44, Битола-31, Охрид-21, Кавадарци-26, Гостивар-30, Гевгелија-4, Струмица-37, Крива Паланка-5, Радовиш-6, Кочани-17, Пробиштип-7, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-4, Виница-6, Делчево-6, Кратово-4, Свети Николе-4, Кичево-15, Ресен-5 и во Неготино-4.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 359 оздравени пациенти.
Починати се 10 лица, четворица пациенти од Скопје (67, 58, 64 и 76г), двајца од Прилеп (70 и 73г), еден пациент од Битола (52г), еден од Охрид (77г), еден од Кочани (48г) и еден пациент од Пробиштип (76г). Сите се починати во болнички услови.
OhridNews