Во последните 24 часа од направени 3.824 тестови регистрирани се 1.409 нови случаи на КОВИД-19 меѓу кои 206 се реинфекции, починати се 18 лица, а согласно регистарот  од Мој Термин дополнително се пријавени и 10 починати лица во периодот од 31 јануари до 7 февруари, додека како оздравени се водат 1.455 пациeнти, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од регистрирани 1.409 нови случаи со КОВИД-19, 783 се од Скопје, по што следи Битола со 76, Куманово – 67, Кавадарци – 55, Тетово – 50, Велес – 45, Прилеп и Гостивар – по 42, Струмица и Неготино – по 30, Гевгелија – 24, Охрид – 21, Штип и Кичево – по 19, Кочани – 14, Ресен – 13, Крива Паланка – 12, Валандово – 11, Радовиш – 7, Струга, Делчево и Македонски Брод – по 6, Свети Николе, Виница и Демир Капија – по 5, Берово и Богданци – по 4, Дебар и Пробиштип – по 2, Кратово, Демир Хисар, Пехчево и Дојран – по 1.

Најмногу од оздравените пациенти – 298 се од Скопје, од Битола 129, Кавадарци – 123, Куманово – 112, Тетово – 98, Гостивар – 77, Велес – 76, Прилеп – 72, Струмица – 51, Валандово – 42, Неготино – 40, Штип – 39, Охрид – 37, Гевгелија – 35, Кичево – 34, Радовиш – 28, Ресен и Крива Паланка – по 21, Кочани – 20, Свети Николе – 18, Струга – 14, Богданци – 13, Дебар – 12, Делчево – 9, Демир Капија и Демир Хисар – по 8, Виница – 7, Дојран и Крушево – по 3, Берово и Кратово – по 2, Македонски Брод, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 18 починати лица: 5 починати лица од Скопје (64г, 69г, 70г, 74г и 81г), по 3 лица од Штип (78г, 86г и 90г) и Охрид (54г, 78г и 79г), 2 лица од Куманово (75г и 81г) и по едно лице од Гостивар (71г), Велес (74г), Делчево (80г), Кочани (77г) и Неготино (81г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 10 починати лица, Куманово (3), Скопје (3), Струмица (3) и Берово (1).

Починатите се на возраст од 40г до 89г. Од пријавените лица 4 лица  се починати во болнички услови и 6 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 31.01.2021 – 07.02.2022г.

Од вкупниот број на починати лица (n=28),  17 лица се целосно вакцинирани, а кај сите лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.834.588 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 283.547, бројот на оздравени пациенти е 263.196, на починати е 8.686, а бројот на активни случаи изнесува 11.665.

 

OhridNews