Девојче на возаст од една година и девет месеци преживеало 5 дена само во шума во западната бразилска држава Рондонија, јадејќи кал и трева.
Ана Клара Абранчес била пронајдена во шума, 400 метри од местото на кое исчезнала 5 дена претходно. Родителите на Ана со страв ги исчекувале резултатите од потрагата во која првиот ден биле пронајдени нејзините чевли.
20 полицајци и пожарникари ја пронашле Ана по 5 дена, жива и здрава, заспана под едно дрво. Освен убодите од инсекти девојчето немало други повреди.