До Државната изборна комисија до истекот на законскиот рок, кој заврши ноќеска на полноќ, доставени биле вкупно 20 кандидатски листи за пратеници од политички партии и една од група избирачи, соопшти ДИК.

Најмногу доставени листи има во изборните единица еден и  шест, а најмалку во изборната единица девет, која ги опфаќа Австралија и Азија. За гласање во дијспората досега се пријавиле само 7.379 граѓани.

Изборниот процес во Македонија од денес ќе го набљудува ОБСЕ/ОДИХР. За следење на предвремените парламентарни избори во земјата ќе бидат ангажирани 300 краткорочни, 20 долгорочни набљудувачи и 12 меѓународни експерти.  Првичната оценка за текот на  изборите ОБСЕ/ОДИХР ќе ја соопшти ден по одржувањето на парламентарните избори на 5 јуни.

OhridNews