21 Август е денот кога Ракометната федерација на Македонија – РФМ ќе ја добие потврдата за организацијата на женското сениорско ЕП 2008 година во Македонија . На 20 август во Охрид ќе пристигне делегацијата на ЕХФ, која ќе биде во највлијателен и најсилен состав претседателот на ЕХФ Тор Лијан и генералниот секретар Михаел Видерер. За време на посетата ке биде направена финалната  инспекција на салите и хотелите, пред да биде ставен параф за организација на најголемиот континентален ракометен собир.
  
Градоначалникот на Охрид Александар Петрески на вчерашниот прес вети дека салата и целокупната инфраструктура потребна за одлично организирање на ЕП во Охрид, ќе биде навреме обезбедена и средена. Сегашната состојба на салата „Билјанини Извори“ во Охрид не е „најидеална“ и со многу забелешки, пред се’, на хигиената и надворешниот изглед. 
  
Работите што ги направивме за последната година ни даваат надеж оти навреме ќе ги направиме сите потребни санирања и подобрувања кои од нас се бараат. Досега салата беше управувана од државата, а сега кога со неа управува општината, работите тргнаа во подобра насока. В година ќе имаме и уште една нова сала во близина на сегашната, само со помал капацитет која ќе служи за тренирање, рече Петрески.на пресот.

М. Постоловски