На аукција во Хонгконг купувач чиј идентитет не е соопштен платил 21 097 долари за шише шампањ, што претставува највисока цена некогаш постигната за овој вид пијалак во светот.


Се работи за шампањот „Круг“ а бербата е од 1928 година. Стручњаците сметаат дека тоа е најдобрата берба во 20-от век. Сите вина од оваа година имаат повисока цена од вообичаената. Шише од истиот шампањ направен од бербата во 1996 година чини околу 250 евра.