Со натпреварите од А – Д половината вечерва во стандардниот термин 20.45 започнува најпрестижното европско клупско натпреварување Лигата на Шампиони. 32 екипи поделени во 8 групи ќе се обидат да стигнат до сребрената “канта“ која оваа година ке ги краси витрините на Италијанскиот калчолигаш Милан.


Шампиониот од минатата сезона – Милан

Одбраната на трофејот росонерите од Милано ке ја започнат на Сан Сиро каде пристигнува тимот на Бенфика.Величенствен пречек се очекува за играчот на средниот ред португалецот Мануел Руи Коста кој 6 години го носеше дресот на Милан,освојувајки со росонерите се` што можеше да се освои. На останатиот натпревар во оваа Д група  Шахтер во Донецк игра против Селтик

Реал Мадрид трката по јубилејната 10. титула европски првак.ке ја започне од  „Сантјаго Бернабеу“ „Кралскиот клуб“ вечерва го игра 300. меч од елитното натпреварување, а на него го пречекува Вердер.Единствениот македонец во лигата на Шампиони Горан Пандев во Пиреја ќе го има дебито во елитата. Лацио гостува на Олимпијакос.Грците во ЛШ немаат ниту една победа на гости, па шансата ја гледаат на мечевите што ги играат на свој терен.


Реал и Баерн го враќаат стариот сјај ?

Вицешампионот и петкратниот победник во ова натпреварување Ливерпул почнува на гости против двојниот шампион Порто. Ливерпул нема победа на португалска почва веќе 23 години. Имајки го во обзир огромните средства кои ги потрошија црвените оваа сезона на засилувања очекувањата на навивачите се високи . Единствениот француски тим со титула во ова натпреварување, Олимпик Марсеј, го пречекува турскиот Бешикташ, кој во 9 гостувања во ЛШ има само една победа.


Ливерпул и сезонава е еден од најголемите фаворити во ЛШ

Единствениот трофеј кој недостсува во колекција на сопственикот на Челси, Роман Абрамович се надева дека во четвртата сезона, тимот конечно ќе го освои пехарот. Откако Абрамович е во Челси, тимот ги освои сите титули, освен таа во ЛШ. На отворањето против Розенборг, тимот на Жосе Мурињу ќе биде без повредените Френк Лампард и Дидие Дрогба, Во германско-шпанскиот дуел, Шалке ја пречекува Валенсија.


Го сонува трофејот во ЛШ со Челси – Мурињо

Вечерва 20.45 – група А: Порто – Ливерпул, Олимпик Марсеј – Бешикташ; Група Б: Шалке – Валенсија, Челси – Розенборг; Група Ц: Олимпијакос – Лацио, Реал Мадрид – Вердер; Група Д: Шахтер – Селтик, Милан – Бенфика.

Утре: Група Е: Ренџерс – Штутгарт, Барселона – Лион; Група Ф: Рома – Динамо Киев, Спортинг – Манчестер јунајтед; Група Г: ПСВ Ајндховен – ЦСКА Москва, Фенербахче – Интер; Група Х: Арсенал – Севилја, Славија – Стеауа.