Во тешката и деликатна година што изминува. охриѓани, Охрид и општествено одговорните компаниите во градот, не заборавија на солидарноста и хуманоста. Напротив, со многу примери, активности и хумано делување, успеаја и во вака сложени времиња да покажат доза на внимание, толку потребно за многу наши сограѓани.

Во очи Новата година, компанијата „Костал Македонија“ деновиве донираше празнични пакетчиња за дечињата од Центарот за грижа за лица со попреченост „Зраци“, Здруженито на глуви, наглуви и слепи лица, и Здружението на родители на деца со посебни потреби „Тајните на моето срце.

Компанијата донираше 55 новогодиши пакетчиња, но пред се им посвети внимание на овие организации кои имаат исклучитечно хумана и важна мисија во нашето општество.

Од „Костал“ им ги честитаат новогодишните и божикните празници на сите деца во градот и пошироко, како и на сите основци, средношколци и студенти, до кои оваа успешна компанија, која несомнено е еден од двигателите на нашата економија, упати посебна порака.

На учениците и студентите им посакуваме пред се’ многу здравје, радост, среќа и успех во Новата година. Сакаме да им порачаме најмногу да бидат посветени на учењето и стекнувањето знаења, затоа што само на таков начин ќе може да си го изберат вистинскиот пат кон успехот. После завршување на школувањето ги очекуваме во „Костал“, и секако, им порачуваме повеќе да се посветат на математика и физика. – порача во новогодишната честитка до најмладите генералниот директор на „Костал“ Виктор Мизо.

 

OhridNews