Според временските прогнози, првата седмица во новата 2018, времето во Охрид ќе биде претежно сончево и со температури од неколку степени над нулата. Дневните температури ќе бидат од 5 до 10 степени, а минималната ќе се движи од 0 до 3. Повремени врнежи од дожд се очекуваат во вторник и четврток.
Сончево ќе биде и во текот на наредниот викенд кога дневната температура ќе достигне до 11-тиот степен, а ноќната ќе биде од 4 до 5 степени.
OhridNews