Една година од формирањето на одбојкарскиот клуб тренерот Валентина Караѓуле се уште се бори да го најде своето место под сонцето. Според неа годината што измина  имаше доста спортски успеси , но и многу отказување на спонзори и изумирање на спортски брнедови.

По што најмногу ќе ја паметите, која беше најпозитивната и најнегатвината работа ?
Она што позитивно ја одбележа годината беше Светско првенство (СП) Хрватска во ракомет и пласманот на  11-то место на нашата репрезентација (како и Кире Лазаров како најдобар стрелец со постигнати 92 гола), кошаркарите на Македонија со освоеното 9. место на ЕП во Полска, Томи Стефановски кој летово го преплива каналот Ла Манш, Мишко Танески ги освои Хималаите, кошаркарскиот клуб Амак СП актуелниот освојувач на Купот на Македонија. Со негативен предзнак е отказувањето на спонзорите на спортските екипи од Р.М и изумирањето на клубовите.

Како ги оценувате состојбите во спортот кај нас и дали мисилите дека го следиме чекорот со светските збиднувања?
– Состојбата во спортот во Р.М е катострофална и што побргу треба да се донесе закон за спорт во Р.М и да има промени од корен, ниту од близу не ги следиме светските збиднување и далеку сме од професионален спорт .

Според Караѓуле спортист што ја обелеажал оваа година во Охрид е Мишко Танески,а во Новата година оечкува Да има промени во спортот и донесување на законот за спорт кој би овозмижил учество на повеке спонзори во спортот.На сите читатели на ohridnews им ги честитам Новогидшните и божиќните празници и им посакувам многу здравје, среќа и успех.

М.П.