2008-ма година ќе биде нешто постудена од 2007-ма, меѓутоа ќе биде меѓу најтоплите во последните 150 години, соопштија британските метеролози од Универзитетот Ист Англија.

Според нив оваа година  просечните глобални температури ќе бидат само за 0,37 степени Целзиусови над просечната температура за периодот 1961-1990 (14 степени), што значи дека ќе биде најстудена од 2000 година.

Извесното освежување се должи на природната појава Ла Ниња која оваа година ќе биде најсилна од 1999-2000, објаснуваат метеролозите.

Според нив ова освежување не значи дека нема да има  глобално затоплување, туку напротив температурата на Земјата и натаму ќе расте.Според Светската метеоролошка организација десет најтопли години од 1850 година до денес се оние од 1998-ма до 2007-ма.

ohridnews