Годината 2007 е Европска година на еднакви можности за сите. Но, колкав е навистина проблемот со дискриминацијата и нееднаквоста денес во Европа?

Едно европско истражување (Euro Barometer) покажало загрижувачки резултати околу дискриминацијата и нееднаквоста. Дури 64 проценти од европејците (од Европската Унија н.з.) мислат дека дискриминацијата во било кој облик е широко распространета во Европа, а преку 50 проценти од испитаниците мислат дека не е доволно направено во борбата против дискриминацијата и нееднаквоста во нивните земји. Ова се однесува посебно на дискриминацијата на луѓето кои се физички неспособни (со инвалидитет), потоа на етничката дискриминација или дискриминација по однос на одредена возраст.

Европејците сметаат дека најмногу раширена е дискриминацијата по етничка основа (преку 60 проценти). Еден од двајца испитаници сметаат дека најмногу дискриминирани се луѓето со физички недостаток односно физичка неспособност, додека половата дискриминација се намалила низ годините (така мислат околу 40 насто од испитаниците)

Европската година на еднакви можности отпочна во Берлин со првиот Самит за еднаквост, на кој претседавачот со Европската Унија –  Германија изнесе план за борба против расизмот и ксенофобијата во рамките на ЕУ. Главната цел е информирање на граѓаните дека имаат право да го живеат животот потполно слободно, без да бидат дискриминирани.

euronews

С. Костоски