Општина Охрид по повод Новогодишните и Божиќните празници ќе избира најубаво украсен двор, тераса и најубави заеднички дворни места пред зградите.
За прво наградениот следува парична награда во износ 20 000,оо ден., за второ наградениот износ од 15 000,оо ден. и за трето наградениот износ од 10 000,оо ден.
20.000 денари за најубаво украсениот двор
Заинтересираните граѓани можат своите пријави да ги достават до Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на општина Охрид.
Повеќе детали на следиот линк: Конкурс за најубаво украсен двор