СРК„Пастрмка“-Струга во соработка со ЈНУ Хидробиолошки Завод – Охрид вчера изврши порибување со околу 2000 единки подмладок на охридска пастрмка на реките Црн Дрим, Вевчанска Река и старото корито на Сатеска. Оваа акција беше реализирана во координација со претставници на Државниот Инспекторат за земјоделство од подрачната единица во Струга.
СРК„Пастрмка“-Струга со ова порибување ја продолжува традицијата која како долгогодишен концесионер на река Црн Дрим и нејзините притоки ја негува изминатите децении.
Од СРК„Пастрмка“-Струга најавија дека ќе продолжат да се грижат за рибниот фонд и дека покрај засилената рибочуварска служба ќе се врши и интензивно порибување на риболовните ревири се со цел враќање на стариот сјај на нашите реки кои во минатото беа прочуени токму по охридската пастрмка.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com