Оркестарот на Централниот конзерваториум на Кина, кои вечерва ќе настапат во предворјето на Света Софија во рамките на 53-то издание на Охридско лето, попладнево пристигна во Охрид. Кинеските уметници, кои за прв пат ќе бидат дел од фестивалската сцена, велат „Македонија е прекрасна земја со премногу сонце“. Пред настапот вечерва најавија дека ќе ја донесат најстарата музика од Кина која ќе се изведува со најстарите кинески инструменти кои постојат.
-Ќе изведуваме многу стари древни кинески дела . Најстарото дело кое ќе го изведеме е од пред 2000 години а соло инструментот за изведување на ова дело е направено пред илјада години. Ќе има и изненадување за македонската публика, рече веднаш по пристигнувањето дирегинтот Ванг Фуџијан.
Фуџијан изјави дека уште пред да дојдат во Македонија знаеле за Охридско лето, дека е Фестивал познат во светот , фестивал со многу долга историја кој нуди феноменална програма и одлични настапи на врвни уметници. Исто така слушнале и дека тука има луѓе кои многу ја сакаат музиката. Токму затоа одлучиле тука да настапат.
-Знаевме дека овој фестивал е различен и тука можеме да ја изразиме нашата култура која е различна и луѓетео кои ја сакаат кинеската музика на овој начин можат да научат многу повеќе за нашата култура, нашата уметност. Ќе се потрудиме во најдобро светло да ја пренесеме музиката и се надеваме дека ќе се заљубите во неа. Музиката е неаков вид на сцена без граници. Јазикот на музиката може да го научат сите во светот. Кинеската музика секогаш ја изразува природата и човечкото чувство, емоциите и страста и затоа може да биде лесно прифатлива за сите. Музиката е универзален јазик кој не познава граници, рече Фуџијан.
Кинеските уметници имаа прилика да го разгледаат градот но и да пробаат традиционални македонски јадења, ајвар, таратур, макало, манстирско сирење, македонска салата и гравче.
Македонската публика вечерва во предворјето на Света Софија, со почеток од 21:00 ч. ќе има прилика да проследи концерт со дела на ТАН Дун, ЏИЈАНГ Јинг, ТАНГ Џијанпинг, ГУО Венџинг, ЏАНГ Жао, традиционална кинеска музика во аранжман на Ванг Фуџијан, Ванг Денхонг, Жанг Шуај, Ксај Пенг.
Кинескиот Оркестар при Централниот Музички конзерваториум во Пекинг – Кина заснован во 1960-те години го сочинуваат младите талентирани студенти на Одделот за традиционалните инструменти. Во изминатиов период овој колектив бележи значаен подем, активно настапувајќи на домашните и странските подиуми и достојно претставувајќи го Конзерваториумот – една од водечките музичко-образовни институции во Кина и во свет. Оркестарот на кинеската музика им нуди на изведувачите различни можности за настапи и стекнување сценско искуство. Оркестарот изведува музика од современите кинески композитори кои создаваат дела за традиционалните инструменти, соработувајќи со истакнатите музичари-изведувачи и е постојан учесник на различните фестивали, како Меѓународниот фестивал на млади музичари во Јапонија и Пекинскиот фестивал на современата музика. Оркестарот има остварено повеќе снимки на своите концерти со различните жанрови на кинеската музика.