За животот и делото на Димитрија Миладинов и за неговата улога во македонската национална и културна историја, ќе зборува Веле Смилевски, претседател на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија.
На свеченоста ќе се читаат песни од Зборникот на браќата Миладиновци, наречен „Златна книга на македонската преродба”, а програмата ќе биде збогатена со уметничка програма.