Најмалку 20 луѓе загинаа, а 21 е повреден во пожарот што синоќа изби во руска нуклеарна подморница од Тихоокеанска флота.

Според информациите на руското министерство за одбрана меѓу загинатите има воени лица и работници на бродоградилиште. Пожарот избувнал при рутински вежби на подморницата, а како можна причина за несреќата се наведува дефект во стариот противпожарен систем на подморницата.

Официјална Москва соопшти дека подморницата не е оштетена и дека пожарот не го зафатил нуклеарниот реактор. Според војската нивото на радијација на подморницата е нормално. Во моментот на несреќата на подморницата се наоѓале 208 луѓе.

Ова е најголемата трагедија на руска подморница од потонувањето на подморницата „Курск“ во  август 2000 година, кога загинаа сите 118 морнари.

Ohridnews