Женски Центар ,,Бисера” и оваа година Меѓународниот ден на жената 8- ми Март , го одбележа работно со организирање на изложба на дела од жени сликарки од Охрид. На јубилејната 20- та изложба што се одржа викендов во Центарот за култура „ Григор Прличев“ посетителите имаа можност да ги видат делата на 20 авторки.
Во културно- уметничкиот дел настапија ученици од Средното музичко училиште „ Тодор Скалоски- Тетоец“ од Струга од класата на професор Дамјан Пејчиноски и ученички од охридската гимназија „ Св. Климент Охридски“ кои читаа поезија.
OhridNews