Од охридската агенција за вработување велат дека апликантите за оваа програма, биле обврзани да приложат бизнис план за реализација и да регистрираат фирма на свое име. Потоа овие документи биле разгледувани од посебна комисија на Министерството, која што одлучила кои од апликациите ќе се достават до банките.
– Кредитите кои ги зедоа апликантите, се со минимални камати, со една година грејс период и 3 години на отплата. За оваа програма имаше голем интерес и за неа се пријавија околу 40 невработени од Охридскиот регион. Интересот ќе беше многу поголем доколку можеа да се пријавуваат и невработените, кои во евиденцијата на АВРМ, се помалку од пет години.-велат од Агенцијата за вработување од Охрид.
Тие нагласуваат дека невработените охриѓани и во текот на оваа година, ќе имаат можност да аплицираат за Програмите за самовработување, кои ќе бидат дел од Активните политики за вработување во 2010-година.