Во последните 24 часа направени се 5.165 тестови, а регистрирани се 813 нови случаи на КОВИД-19 од нив во Скопје – 549, во Битола – 49, Куманово – 40, Кавадарци – 25, Охрид – 20, Струмица – 17, Прилеп – 16, Штип – 11, Струга – 10, Гостивар и Велес – по 9, Гевгелија – 7, Кочани – 6, Ресен и Виница – по 5, Крива Паланка, Радовиш, Делчево и Пробиштип – по 4, Тетово, Кичево, Неготино, Берово и Дебар – по 3, Демир Хисар – 2, Свети Николе и Валандово – по 1.
Регистрирани сe 998 оздравени пациенти од кои 38 од Охрид.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица од нив 3 починати лица од Скопје (56г, 74г и 78г) и по едно починато лице од Тетово (78г), Валандово (58г) и Кичево (78г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 4 лица, 2 починати лица од Тетово (странец) и по едно починато лице од Кичево и Гостивар, починати во период од 27 – 29.12.2021г. Починатите се на возраст од 57 години до 68 години. Од пријавените 2 лица се починати во болнички услови и 2 во домашни услови.
OhridNews