Во последните 24 часа регистрирани се нови 1.091 случај на КОВИД-19, од направени 3.702 тестови, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Оздравени се 2.322 пациенти, а починале 36 лица.
Од новите случаи, во Скопје се 586, Битола 58, Куманово 52, Тетово 44, Кавадарци и Велес по 39, Прилеп и Струмица по 29, Кичево 23, Штип и Неготино по 22, Гостивар и Охрид по 20, Кочани 16, Гевгелија и Ресен по 13, Струга 11, Свети Николе 9, Дебар 8, Радовиш, Крива Паланка , Берово и Пехчево по 5, Богданци 4, Демир Хисар и Демир Капија по 3, Делчево, Валандово и Македонски Брод по 2, Виница и Кратово по 1.
Од вкупниот број на позитивни (1.091), регистрирани се 156 реинфекции.
Регистрирани сe 2.322 оздравени пациенти од нив од Охрид 104.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 23 починати лица: 13 починати лица од Скопје (69г, 69г,72г, 74г, 78г, 78г, 78г, 82г, 83г, 84г, 85г, 87г и 90г), 3 починати лица од Велес (53г, 78г и 82г), по две починати лица од Струга (52г и 62г) и Тетово (69г и 70г) и по едно од Гевгелија (44г), Кратово (64г) и Свети Николе (76г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 13 починати лица од: Скопје (4), Гевгелија (2), Битола (1), Кочани (1), Штип (1), Струмица (1), Гостивар (1), Кичево (1) и Куманово (1). Починатите лица се на возраст од 61 – 90г. Лицата за починати се пријавени во период од 01.02. до 04.02.2022. Од починатите лица, 10 се починати во домашни услови, а 3 лица во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица (36), кај 32 лица се регистрирани коморбидитети.
OhridNews