Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 5.489 тестирања, а се регистрирани 373 нови случаи со Ковид-19, 12 починати и 320 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од 373 новозаболени од Скопје се 196, Битола 36, Охрид 20, Кавадарци 18, Прилеп 17, Струмица и Гевгелија по 11, Велес 9, Крива Паланка 7, Куманово и Штип по 6, Кичево, Неготино, Ресен, Валандово и Македонски Брод по 4, Тетово, Кочани и Делчево по 3, Радовиш 2, Струга, Богданци, Демир Хисар, Демир Капија и Дојран по 1. Од 320 оздравени пациенти од Охрид се 13.
Од 12-те починати, осум се од Скопје (54г, 66г, 68г, 71г, 79г ,87г, 87г и 87г), две од Битола (67г и 72г) и по едно починато лице од Кичево (75г) и Штип (74г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, пријавени се и шест починати лица со датум на смрт од 03.12. до 21.12.2021 година. Регистрираните починати лица се од Скопје (3), Битола (1), Куманово (1) и Струга (1). На возраст од 65 до 92 години. Три лица се починати во болнички услови и три лица се починати во домашни услови.
OhridNews