На свеченоста со која се прослави 20 годишниот јубилеј од постоењето на најслушаната етничка радио станицата “3 ЗЗЗ” во Мелбурн Австралија, признанија доби Македонската редакција, на чии волонтери благодарност за нивната работа им изрази премиерот на Викторија Џон Брамби.


На прославата организирана од радиото и министерството за култура на државата Викторија во елитниот Виндзор хотел во строгиот центар на Мелбурн, присуствуваа повеќегодишните водители и уредници на Македонската програма Лидија Ангеловска,Ицо Најдовски и Васко Ангеловски.


На “3 ЗЗЗ” радиото Македонскиот глас се слуша 20 години, на почеток со две, а сега со три програми кои се застапени и на неговата интернет страница. Македонската радио програма е доста слушана и од големо значење за иселениците од Македонската заедница во Викторија, кои се на време информирани за се што ги засега Македонците, тие преку неа се поврзуваат со татковината, а ја слушаат и Македонската песна.


Меѓу основачите на Македонската радио програма на “3 ЗЗЗ”се Крсте Наумовски, Џим Антон и Никола Темелковски,кој и сега работи како радио водител на  програмата.

                            Нина Кепеска