Сојузот на балкански Египќани и Здружението на Египќаните во Македонија денес и утре со низа активности ќе обележат  20 години од основањето на првата општествено -политичка организација на Египќаните во Југо-источна Европа.

По тој повод, денес во Спортската сала Билјанини Извори во Охрид ќе се организира фудбалски турнир. Активностите за обележување на јубилејот ќе продолжат  утре претпладне, со положување на свежо цвеќе на гробовите на починатите основачи и лидери на Египќаните во Охрид и Струга. Во 11 часот во хотелот Дрим во Струга ќе се одржи  Свечена академија на тема: Дваесет години општествено-политичко здружување на Египќаните во југо-источна Европа и пошироко.

OhridNews