Охридскиот култен бар “Jazz – Inn“ викендов го прослави својот дваесетти роденден. Со бројни гости, карактеристична музика во живо, како и што прилега за едно “џез-инн“ кафе, кое веќе дваесет години ја следи и негува својата зацртана концепција нудејќи им на гостите и посетителите , проверена забава и врвна услуга.


Честитајќи им го јубилејот, не можеме а да не си припомниме на прекрасните вечери минати тука во дружба на познати имиња од македонската и пошироката естрада како  Тони Китановски, Васил Хаџиманов, Поповски – Тасевски квартет, Летечки Пекинезери и бројни други еминентни џез имиња

Филип Жура